Груевски: Кога и да се случило некој тежок момент во Македонија, јас сум бил тука со овој народ

0
1172

Јас никогаш не сум бегал во никакви добри или лоши моменти, јас често сум патувал и тоа е точно и економски и политички патувања, некогаш ќе се поклопат тие настани со некои настан кои е значаен во Македонија и веднаш сум наоѓал начин да се вратам изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во Топ Телма на Телевизија Телма.

Тоа се случи и лани кога се случија поплавите, јас го прекинав одморот и веднаш се вратив, за да помогнам со моето искуство колку што можам, а инаку кога и да бил некој тежок момент во Македонија јас сум бил тука. Истото се случуваше и со кумановските настани јас тука бев во Македонија и кога се случија настаните кај Смилковското езеро и синоќа бев тука, со авион кој прв полета за кај нас, вели Груевски.

Тој истакна и дека во моменти кога ВМРО-ДПМНЕ има 50 пратеници во собранието не може да очекува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го одбрани интересите на државата и на народот и дека народот треба да си ја брани државата и народот шеесет дена го правеше тоа изле зе надвор и шеесет дена како никогаш до сега толку долго и толку интензивно излегуваше и испраќаше пораки дека не се согласува со тоа што го прави Заев и дека тој прави изборна измама и дека тоа не му беше соопштено во текот на кампањата, истакна Груевски.

Реакциите на меѓународната заедница за мене беа очекувани после снимките кои излегоа од собранието, излегоа снимки на кои секој би реагирал, тепаат пратеници и народ, меѓутоа кога ќе се погледнат добро фактите ќе се види дека она што се случи е незаконско, нелегално, против уставно и против деловничко да се избере претседател на собрание, изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Топ-Тема на телевизија Телма.

Груевски го запраша и новинарот кои има искуство, по кој член од деловникот се избира претседател на собрание и како очекува некој да ако го погледне деловникот да каже дека се било согласно деловникот законот и уставот.

Тоа беше кршење на правото, вели Груевски. Тој на прашањето како ќе реагира кога ќе се сретне со меѓународната заедница вели:

Ќе ги прашаме и нив кажете ни по кој член од деловникот е избран за претседател Талат Џафери, владеењето на право треба да важи и во нивните земји и во нашата земја и треба да важи секаде и не може да важи секаде, а само за избор на претседател на собрание да не важи гужва е и критична е ситуацијата, рече Груевски.

Секогаш го спомнувам зборот македонски граѓанин, дополнително го потенцирам македонскиот народ, кога сметам дека прашањата за кои зборува најмногу го засегаат токму него, изјави Никола Груевски во гостувањето во Топ Тема, на телевизија Телма.

Во секој мој настап го употребувам зборот, можеби има некој исклучок, пропуст, секогаш го употребувам зборот граѓанин на Македонија, вклучително и синоќа, понекогаш дополнително го потенцирам македонскиот народ, кога станува збор за ситуација кога нешто се однесува најмногу на македонскиот народ, како што беше во случајот платформата, најмногу го засега македонскиот народ. Името на државата, најмногу го засега македонскиот народ бидејќи се чувствуваат Македонци, а името е Македонија. Во такви случаи го потенцирам македонскиот народ, а речиси во сите случаи, можеби има некој исклучок, во сите изјави ги споменувам граѓаните, изјави Груевски.

Тој кажа дека чувствувал дека треба да го информира народот за моќта која сега ја има тој и ВМРО-ДПМНЕ, дека имаат ограничена моќ и дека ако некој реши да ја протурка платформата на сила, ќе ја протурка.

-Јас сакав да го информирам народот, друго прашање е што сум очекувал. Јас чувствувам одговорност пред народот, јас никогаш го немам потценето мојот народ, јас сакам тој да знае до каде е мојата сила и што можам јас да направам. Имам чувство дека треба да знаат дека во тој даден момент кога излегов на телевизија Сител, треба да му соопштам, да го потсетам, не секој е добро упатен во Парламент, број на пратеници, начини, процедури, дека ВМРО-ДПМНЕ, јас како нејзин водач, имаме ограничена моќ и дека ако се реши да се протурка платформата на сила, ќе се протурка, ако народот замолчи и не реагира и не го изрази својот протест и својот револт. Народот тоа го разбра многу јасно и 60 дена по ред излегуваше на улица и го изразуваше својот револт.

Немојте да мислите дека ако сакам да им се допаднам на некои центри однавор не можам да го направам тоа. Да ветам се што ќе побараат и да го остварам. Мислите јас не сум имал понуди, мислите не ми приоѓале мене со разни поддршки дека ќе направат се за мене, се што ми треба само да помогнам тоа и тоа да се заврши, дека цврсто ќе застанат зад мене, дека ми гарантираат се и сешто. Мислите дека јас не сум го имал тоа, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вос воето вечерашно гостување во „Топ тема“

Република Македонија веќе подолг период е предмет на надворешен обид, операција за промена на владата, со цел промена на уставниот поредок и името. Во една таква операција, влезени се и многу странски средства преку одредени филантропи. Направена е огромна пропаганда против владејачката гарнитура, пред се против ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се оцрни, да се ослабне меѓународно и во земјата, да го изгуби кредибилтетот и надвор и од граѓаните со цел да ослабнат институциите и народот сам да ја смени владејачката апртија, да донесе друга на власт која што има дадено ветување кои што некој ги посакува и ги има за своја цел во еден таков контекс. Точно е дека ние се соочуваме со проблеми на меѓународен план, но тоа е судбина на сите кои се борат за државни и национални интереси во мали држави кога некој однадвор има некои други цели, рече Груевски.

Немојте да мислите дека јас незнам дека кога застанувам на браник на одбрана на некои државни и национални интереси не сум свесен дека нема да добијам разни негативни пораки, казни, или било што ќе ме деградира, што ќе ме донесе во непријатна ситуација, што ќе ми направи штета на мене, на моето семејство, на мојата партија, на моите блиски, но свесно одам, затоа што верувам дека само со упорност, залагање и борба може да се убеди и целата меѓународна јавност и сите оние кои нешто наумиле дека тоа не е добро за Македонија, дека на тој начин ќе се направи голема штета и дека во оваа земја освен политичари има и народ, луѓе кои си ја сакаат државата и препознаваата ако некој нешто им подготвува и застануваат против тоа, рече Груевски.

Немојте да мислите дека ако сакам да им се допаднам на некои центри однавор не можам да го направам тоа. Да ветам се што ќе побараат и да го остварам. Мислите јас не сум имал понуди, мислите не ми приоѓале мене со разни поддршки дека ќе направат се за мене, се што ми треба само да помогнам тоа и тоа да се заврши, дека цврсто ќе застанат зад мене, дека ми гарантираат се и сешто. Мислите дека јас не сум го имал тоа, изјави Груевски.

Народот 60 дена протестираше мирно, провокациите на СДСМ придонесоа да се случи она синоќа

Како никогаш досега, меѓу 100 и 200 илјади луѓе, секој ден, 60 дена, во околу 30 градови, излегуваа и го изразуваа својот револт , да допре до политичарите. Да допре до оние кои што прифатиле туѓи агенди, кои што прифатиле туѓи сценарија, кои што по секоја цена сакаат да дојдат на власт, коцкајќи се со државните и национални интереси, изјави Никола Груевски во гостувањето на Топ Тема на телевизија Телма.

Народот разбра дека треба да го искаже своето мислење. Како никогаш досега, меѓу 100 и 200 илјади луѓе, секој ден, 60 дена, во околу 30 градови, излегуваа и го изразуваа својот револт , да допре до политичарите. Да допре до оние кои што прифатиле туѓи агенди, кои што прифатиле туѓи сценарија, кои што по секоја цена сакаат да дојдат на власт, коцкајќи се со државните и национални интереси. Тие ги нарекуваа со најпогрдни зборови, тоа беше она што допре до народот, а никогаш не сум повикал на насилство. Сум повикал на изразување револт и тоа се случуваше 60 дена, едно цвеќе не беше нагазено додека стотици илјади граѓани излегуваа на улиците. Тоа беа 60 дена мирни протести кои што се за пример, изјави Груевски.

Груевски смета дека она што се случи вчера било смислено сценариот на СДСМ да го испровоцира народот, со гласањето во 18 часот, а можеле да го направат во 14 часот.

-А она што се случи вчера, она што допринесе да се случи она синоќа, во голема мера го детерминираше СДСМ, со неговото однесување и неговите постапки, со игнорирањето на народот, со провокациите кон народот, со потценувањето, со навредите, знаете ли со какви се не погрдни зборови ги нарекоа. И уште една работа, вчера имаше сценарио, вчера беше темпирано во 18 часот СДСМ да го направи, токму она што го направи. Зошто не го направија тоа што го направија во 14 часот, кога немаше народ надвор, зошто го одбраа 18 часот кога знаеа дека ќе има десетина илјади луѓе пред Собранието, револтирани, испровоцирани, со денови насобран гнев, со денови собирани фрустрации, изјави Груевски.

Ние сме на страната на сиот албански народ кои сака да живее во нашата земја, а не во некоја друга

Албанскиот народ, сиот народ што сака да живее во границите на оваа држава, а не во друга ние сме на негова страна. Ние се бориме да не дојде до реализација на некои радикални структури кои што и на нив ќе им го растурат животот, вели Никола Груевски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во емисијата Топ-Тема на телевизија Телма.

Граѓаните имаат свои секојдневни проблеми, ние правевме се што е во наша моќ да решиме многу од нив и многу решивме. Не постои влада во историјата на Македонија за што за таков период решила толку многу проблеми на граѓаните и инфраструктурни и комунални и отворање на нови работни места и носење на стотици инвестироти кои носеа нови работни места. И решавање на социјални проблеми, зголемување на социјална помош, зголемување од 70 проценти на пензиите, зголемување на платите во администрацијата, но невозможно е се да се реши истакна Груевски.

 

Извор: ВМРО- ДПМНЕ

Коментирај