Груевски: Една од најголемите последици во економијата е на полето на инфраструктурните проекти и капитални инвестиции

0
117

Покрај претстојното зголемување на даноците, кое ќе се почувствува од страна на населението, една од најголемите последици во економијата е на полето на инфраструктурните проекти и капитални инвестиции. Помина речиси една година од формирањето на новата влада, пишува Никола Груевски на својот Фејсбук профил.

Неговиот статус го пренесуваме во продолжение:

Слично и на поранешните влади на СДСМ, овој пат дури и полошо, оваа влада во делот на инфраструктура и капиталните инвестиции го направи следното:
1. Не започна ниту еден нов проект кој од самиот почеток, од проектирање, би го започнала оваа влада, па макар сега се уште да е во фаза на проектирање.
2. Дел од започнатите инфраструктурни проекти ги запре.
3. Дел од започнатите инфраструктурни проекти сериозно ги забави.
4. И помал дел од започнатите инфраструктурни проекти ги продолжи.

Како резултат на оваа политика, на првите три точки, се случија следните последици:

1. Изостана изградбата или довршувањето на голем број инфраструктурни објекти кои ќе беа од корист за граѓаните, а голем дел од нив и за економијата.
2. Голем број фирми, градежни, но и фирми од најмалку 26 други индустриски гранки ја загубија или сериозно им се намали работата и приходите,
3. Приходите во буџетот сериозно се намалија. 

На пример, приходите на буџетот во првите три месеци се под планираните за 7,33 отсто. Тие се и под оние кои се примиле во првото тримесечие на 2017-та за 2,6 отсто, кога македонската економија беше под силно негативно влијание на политичката криза. Ако се земе за споредба само март 2018-та со март 2017, приходите се помали за 6,9 отсто, а во овој март приходи беа помали од планираните за фрапантни 13 отсто. Најзабележлив е падот кај ДДВ за првите три месеци, каде реализацијата е помала за 5,25 отсто споредено со јануари – март 2017-та, а уште помали стојат приходите од ДДВ во однос на она што било планирано, помалку за 7,67 отсто.

4. И оние приходи кои влегоа во буџетот, власта не знае како да ги врати во економијата бидејќи нема нови проекти, па така реализацијата на буџетот е толку ниска како што не била во историјата од независноста до денес.

5. Сето ова има сериозен удел на растот на економијата, БДП-то, кое е најниско во Европа. Само во градежништвото во третиот и четвртиот квартал има пад од 11,6% и 19,5% споредбено со претходната година кога градежништвото растеше како и сите претходни годишни со 4,8% во третиот и дури 23,1% во последниот квартал од 2016 година.

Коментирај