Груевска-Маџоска: Законот за јазици недонесен, а професорите Албанци веќе се обраќаат на албански

0
253

На уште недонесен закон, во двојазичните училишта во Скопје, професорите Албанци на Наставнички совет веќе се обраќаат на албански јазик без превод, а Македонците ја напуштаат просторијата. Што ќе биде понатаму?, прашува на својот фејсбук профил професорката од Институтот за македонски јазик Симона Груевска Маџоска.

Повикувајќи се на последните пораки од комесарот за човекови права, Мужниекс дека „нема заедничка држава без интеграција“, таа нагласува дека „сите граѓани треба прво да го знаат државниот јазик, па понатаму да има интеграција на сите останати рамништа“.

Маџоска потсетува дека со потпишувањето на Рамковниот договор се започна конечната поделба на македонското општество.

-Ако се донесе и последниов Закон за употреба на јазиците (албанскиот), тоа ќе се заврши со распад. Треба сериозно да се работи на државна стратегија за интеграција – не се глупи европските држави што тоа им е приоритет. Или некој си мисли дека ние сме најпаметни? Имало случаи кога политиката не ги слушала експертите, па дури и ги казнувала. Еве што кажал проф. д-р Михајло Ѓуриќ во 1971 година, уште пред промената на Уставот на СФРЈ во 1974: „Треба одма да се каже дека предложена уставна промена во суштина го менува карактерот на досегашната државна заедница на југословенските народи. Или поточно: Со таа промена всушност се одбива самата идеја за една таква државна заедница. Доколку и нешто остане од неа, тоа е само за да во следната, таканаречена друга фаза на промени, имаме што да приведеме на крај.“ И се приведе кон крај. Затоа, пред да се донесе, треба добро да се промисли што ќе донесе тој Закон за албанскиот јазик за да не биде после доцна, пишува Маџоска на социјалните мрежи.

Коментирај