Груби: Се чека објава во Службен весник за одлуката за Џафери

0
671

Пратеникот Артан Груби од ДУИ изјави дека Талат Џафери денеска со допис побарал од генералниот секретар на Собранието да овозможи услови за функционирање на претседателскиот кабинет, на што му било одговорено дека ќе се постави по барањата откако одлуката за избор на претседател ќе биде објавена во Службен весник.  

– Побаравме од генералниот секретар на Собранието да овозможи услови да функционира кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери. Мора да имаме предвид дека една канцеларија не е институција, туку институција е Талат Џафери, кој е претседател што инвестира во волјата на мнозинството граѓани преточена во гласање за негово избирање како претседател на Собранието, истакна Груби.

Тој додаде дека ги поднеле сите барања за објава на одлуката на Собранието на Република Македонија во Службен весник и оти очекуваат тоа да биде сторено што е можно поскоро.

Тој, како што рече, не очекува опструкции и се надева дека Службен весник ќе ја почитува одлуката на парламентарното мнозинство.

Груби нагласи дека барањето до претседателот Ѓорге Иванов ќе биде испратено штом се создадат услови за тоа, но додаде дека не мора да бидат исполнети.

– Се надеваме дека ќе се вразумат политичките партии во Собранието, поточно новата опозиција, рече Груби.

Тој ги отфрли обвинувањата дека утринава на Талат Џафери му било попречена работата во Собранието.

Коментирај