Грција сака да ги менува учебниците по историја и во Албанија, Тирана категорично одбива

0
82

„Грција и Скопје ги менуваат учебниците по историја“, „Промени во училиштата по договорот Заев – Ципрас“ – ова се дел од насловите во грчките медиуми, кои во своите извештаи веќе поминаа на реализација на договорот од Преспа.

Тие го цитираат членот според кој во рок од еден месец од денот на влегувањето во сила на договорот, двете страни се согласуваат да ги преиспитаат текстовите со историски настани и доколку има несогласувања новата интерпретација да се заснова на автентични историски и археолошки наоди. Според грчките медиуми, ревизијата на учебниците по историја која треба да ја спроведе заедничка комисија, ќе има обврска да ги провери и географските карти, историски атласи и наставни водичи. Во текстовите на грчките медиуми се наведува дека Комисијата за ревизија на наставните програми по историја, ќе се состанува најмалку два пати годишно а во текот на годината има обврска да даде отчет за сработеното.

По примерот со Македонија, Грција се обидува да спроведе ревизија на учебниците по Историја и со соседна Албанија, пишуваат медиумите во Грција. Сепак појаснуваат дека засега Тирана одбива формирање на таква мешовита група на експерти. Грција бара Албанија да ги прочисти учебниците од прашањето за чамите и бара да нема изрази како албански територии во Грција а предвидува и бришење на поимот Чемерија за дел од грчката територија.

Инаку Освен со Грција, согласно договорот за добрососедство, Македонија има обврска за проверка на историјата и со Бугарија. Министерството за надворешни неодмна информираше дека во Софија се одржала првата средба Комисијата за историски и образовни прашања.

Коментирај