Грк кој тврдел дека има коронавирус им плукнал во лице на 14 полицајци – сите ставени во карантин

0
493

Четиринаесет припадници на грчките полициски служби беа ставени во карантин после инцидентот кој се случи во Атина, во кој маж кој тврди дека е заразен со корнавирус, им плукнал во лице, пренесува грчката агенција АНА.

Како што се наведува, 26-годишниот маж е уапсен вчера во јужниот дел на Атина, поради кршење на ретровизори на втомобили.

Тој им рекол на полицајците дека во Атина неодамна се вратил од Лондон и дека со тестови е потврдено дека е позитивен на коронавирус. Меѓу обвиненијата подигнати против него е и поради непочитување на обврската за самоизолација во период од 14 дена.

Извор: Таратур.ком

Коментирај