Грешките кои сите си ги дозволуваме кога сме на диета

0
671

Што значи за вас диета? Често перцепцијата на луѓето е искривена за ова прашање. На француски régime значи диета. Да, режим, исхрана која не треба да биде тортура на организмот туку почитување на одреден здрав режим на исхрана. Еве ги и повеќето најчести грешки кои ви пречат да ослабете.

Гладувате, а не треба!
Диета не значи да бидеме гладни и да не боли желудникот постојано. За жал, овој метод не функционира.

Ги избегнувате јагленохидратите 
Многу луѓе мислат дека, штом се на диета, тоа значи дека треба да ги исклучат сите
јагленохидрати од менито. Не е така бидејќи храната како грав и компири на пример ќе ви даде многу енергија, ќе ве засити и нема да ви се јаде толку многу.

Мислите дека можете да јадете сè што ќе посакате ако спортувате доволно
Верувајте, ако треба да тренирате колку што јадете, тогаш не треба да излегувате од фитнес салата!

Мислите дека 100 калории од една храна се еднакви на 100 калории од друга
Не е така! Нашиот организам поинаку ги обработува прифатените калории.

Коментирај