Грешка од „две секунди“ ќе ве чини 270 евра со новите законски измени во Хрватска

0
408

Со измените и дополнувањата на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата во Хрватска, кои стапија на сила од 1 август, дефинирано е сигурно растојание меѓу возилата на автопатиштата: растојание кое возилото ќе го помине со најголема дозволена брзина за две секунди, што е просечно време на реагирање на кочењето на возилото пред вас.

Ако возилата возат побавно, во колона, предвиденото растојание е најмалку една секунда. Казната за непочитување на безбедносното растојание е 270 евра (2.000 куни).

За да им помогнат на возачите да го почитуваат безбедносното растојание, „Хрватски автопатишта“ изработија пилот проект на сообраќајна согнализација, која ќе им помогне во просторот да видат колку пат ќе помине возилото за тие две секунди, кое при брзина од 130 километри на час значи растојание меѓу возила од 70 метри, пренесе агенцијата Хина.

Извор: republika.mk

Коментирај