Грчко МНР реагира: Хан да престане да ги поткопува преговорите кои не ги разбира

0
183

Грчкото Министерство за надворешни работи, попладнево преку соопштение реагираше на изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан повикувајќи го да престане да дава погрешна слика за преговорите.

Го повикуваме комесарот Хан да престане да дава погрешна слика за преговорите кои, како што се покажува, не ги разбира. Најмалку што може да направи е да престане да ги поткопува, соопштуваат од МНР на Грција – пренесе МИА.

Grcko-MNR-reakcija-za-Han

Коментирај