Грчки медиуми: „Нова Македонија“ е предлогот на ФИРОМ, Грција ќе го прифати на пролет

0
2685

„Нова Македонија“ е името кое поранешната југословенска република Македонија го има предложено, а Грција ќе го прифати, како решение за долгогодишниот спор со името, јавува грчката телевизија Стар во извештај на оваа тема, кој го пренесоа повеќе грчки медиуми.

Nova-Makedonija-ime-FIROM

Прлигот на телевизијата, кој се повикува на ексклузивни информации од Брисел, вели дека двете страни кои преговараат и медијаторот Нимиц веќе се договориле дека ова е прифатливо решение, а било предложено од страна на Скопје.

Името „Нова Македонија“ било предложено и во 1992 година, но тогаш било одбиено од грчката страна. Потоa, еден од предлозите бил Северна Македонија, кој исто така бил одбиен од Атина, пишуваат грчките медиуми.

Извештаите кои ги пренесуваат медиумите кај јужниот сосед велат дека Грција веќе го прифатила овој предлог, а договорот ќе биде соопштен на пролет. За време на четири – дневниот состанок на балканските лидери, грчкиот премиер истакнал дека проблемот со името ќе биде решен во 2018 година.

Коментирај