Грчки медиуми: Бутарис пак ја направи истата грешка – рече „Македонија“

0
1400

За грчките медиуми не помина незабележана изјавата на градоначалникот на Солун кој во еден момент изговори Македонија за земјата во која вчера беше во еднодневна посета.

Градоначалникот на Солун уште еднаш го нарече Скопје „Македонија“ во изјава за соседната земја. Изјавата пред камерите предизвика чувство … пишува еден портал кој на Јанис Бутарис му замерува дека „повторно ја направил истата грешка“.

Говорејќи на англиски јазик, Јанис Бутарис им изјави на новинарите дека тој предложил следниот состанок на премиерите на Грција и на Македонија, да се одржи во Солун.

„Се надевам и ќе се залагам за тоа следниот состанок меѓу премиерите на Грција и на Македонија да се случи во Солун“, рече Бутарис во делот од изјавата што може да се слушне околу 8:30 минути од почетокот на видеото што Владата на Република Македонија го постави на „Јутјуб“.

Но, се потсетува дека „г-дин Бутарис, во неговата последна посета на соседната земја, повторно го употреби уставното име на ПЈРМ во интервју за една телевизиска станица“.

Коментирај