Грчката црква побара лично од Трамп да го повлече признавањето на Македонија под уставното име

0
988

Првичниот оптимизам за брзо решавање на спорот за името спласна. Високи извори на грчкото МНР за „Катимерини“ изјавиле дека патот до решение може уште долго да трае, објави „Сител“.

– На почетокот постоеше оптимизам дека периодот до Велигден може да доведе до конечен договор, што едноставно ќе се ратификуваше во април или мај, на начин на кој ќе одбереше секоја страна. ПЈРМ сигурно со референдум. Меѓутоа, во пракса разликите се покажаа многу посериозни од тоа што беа оценети на почетокот, не толку многу поради дипломатското растојание, туку поради сериозните политички пречки со кои што се соочуваа и двете влади во претходните месеци – пишува „Катимерини“.

Главните точки на несогласување поврзани со промени во Уставот, идентитетските прашања, но и обликот на името, слеано и непреведено, остануваат што се потврдило и на прес конференцијата на двајцата министри во Скопје.

– По новото претставување на позициите, на 29 и 30 март под покровителство на ОН, не се очекуваат нови случувања пред Велигден, туку потоа, а можеби и многу подоцна – пишува грчкиот весник.

Различните позиции во рамките на грчката влада и по средбата Коѕијас-Димитров ги потврди и порпаролот на коалициониот партнер ,,Независни Грци‘‘, Магдалена Пападопулу, која за телевизијата Скај изјави дека позицијата на партијата останува непроменета.

– Ние како Независни Грци не се согласуваме со било кое име што ќе го содржи терминот „Македонија“ или изведени зборови. Тоа е позицијата на Независни Грци изразена уште од првиот ден. Оваа позиција е јасна е и не се менува – рече Пападопулу.

Но, грчката дипломатија не е единствената во светот која лобира против името на Македонија. На одбележувањето на денот на независноста на Грција во Вашингтон, на кое присуствуваше и претседателот Трамп, архиепископит Деметриос, побара неправдата со признавањето на уставното име од страна на САД да се исправела.

,,Понизно молиме да зборувате во име на сите нас за фер и непристрасно решение за долготрајната и трагична поделеност на Кипар и за прашањето за несоодветното и историски неоправдано име на државата БЈРМ‘‘, рече Деметриос.

Грчкиот архиепископ побара помош и за страдањата на екуменска патријаршија во Константинопол.

Коментирај