Грчка мусака

0
573

Состојки:

– 8-10 компири
– 2 големи модри домати
– 1 килограм мелено месо
– 2 глави кромид
– црвен пипер, сол, оригано, цимет

Прелив:
– 8 лажици брашно
– 1.2 л. млеко
– сол, морско оревче
– маслиново масло
– сончогледово масло

Подготовка:

Кромидот исечете го и испржете го во маслото заедно со меленото месо. Зачинете со сол, лажичка црвен пипер, лажичка оригано и четвртина лажичка цимет, и тргнете ја смесата од огнот. Компирите излупете ги и исечете ги на кругови со дебелина околу 1 см. Модрите домати исечете ги на исто толку дебели кругови. Тавата намачкајте ја со маслиново масло и потоа наредете ред компири, па ред модри домати и ставете го меленото месо така што рамномерно ќе го распределите.Откако ќе го направите тоа повторно ставете  ред модри домати и завршете со ред од компири. Ставете фолија и печете околу еден час на 200степени.

Прелив:

Брашното испржете го во мешавина од сончогледовото и маслиновото масло, количеството треба да е толку колку брашното да биде мазно, а не да се пече на суво. Додадете го млекото и постојано мешајте со жица. Кога сосот ќе зоврие зачинете со сол и морско оревче.

Сосот ставете го врз печените состојки во тавата, рамномерно распределете го и повторно ставете го јадењето околу 30-40 минути, за да се пече се додека не добие златна боја.
* Големина за тавата 25х35 см.

На здравје!

Коментирај