Граѓанската Лига на ДиоГарди: Повик до Парламентот на Македонија под итно да ја имплементира „Тиранската Платформа“

0
873

Албанско-американска граѓанска Лига предводена од поранешниот конгресмент, Џое ДиоГарди, започна петиција за алармирање за позицијата на Албанците во Македонија, информира новинската агенција на албански јазик ИНА.

Преку петицијата се повикува Парламентот на Македонија да ја имплементира Платформата на албанските партии, која во јавноста е позната како „Тиранска Платформа“.

– Согледувајќи дека нема да има траен мир и стабилност во Македонија се додека етничките Албанци немаат еднакви човекови и граѓански права со етничките Македонци, лидерите на албанските политички партии во новата влада предводена од Социјалдемократскиот лидер Зоран Заев, во јуни 2017 година се сретнаа во Скопје да се осигурат дека „Албанската Платформа“ ќе стане дел од владината агенда, објаснуваат од Албанско-американска граѓанска Лига на ДиоГарди, во однос на покренатата петицијата.

Тие го повикуваат македонскиот Парламент веднаш да ги спроведе двете компоненти на Албанската платформа.

„Направете го албанскиот втор службен јазик во Македонија“. Тие го повикуваат премиерот Зоран Заев и македонскиот Парламент да го поништат ветото на претседателот.

Втора точка од „Албанската Платформа“ за која албанско-американската Лига бара итно спроведување е, децентрализирање на финансирањето на општините. Тие сметаат дека, нееднаквоста помеѓу етничките Македонци и етничките Албанци, на пример во образованието и здравството, е политички конструирана.

-Завршувањето на дискриминацијата на етничките Албанци преку обезбедување на еднакви можности за економски и социјален развој во области со етничко албанско мнозинство може да се постигне преку децентрализација на федерален буџет, стои во образложението на Албанско-американска граѓанска Лига.

Граѓанска лига на поранешниот конгресмен, ДиоГарди, ги повикуваат САД и Европа да не ја примат Македонија во НАТО и во Европската унија додека албанската платформа не биде целосно имплементирана.

Албанско-американската граѓанска лига, основана во 1989 година, е единственото регистрирано волонтерско лоби во Вашингтон, претставувајќи ги загриженостите на американските Албанци за националната кауза од седум милиони Албанци кои живеат рамо до рамо во Косово, Македонија, Црна Гора, Албанија, Прешевската долина , и Чамериjа (Северна Грција).

loading...

Коментирај