Граѓаните се собираат – Протест пред Собранието поради Законот за јазиците

0
541

Пред Собранието на Република Македонија попладнево се собрани граѓани кои протестираат против донесувањето на законот за употреба на јазиците.

Продолжението на 32. собраниска седница, на која е третото читање на законот и над 35.000 амандмани поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, е закажана за 13 часот.

Улицата пред Собранието попладнево е затворена за сообраќај.

Пред Собранието, исто така, има видливо полициско обезбедување, како и многубројни екипи на медиумите.

Извор: МИА

Коментирај