Граѓаните му предложија на Шилегов да ги забрани бадникарските огнови

0
468

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вчера имаше двочасовна средба со граѓаните, кои дојдоа да му предложат мерки за намалување на загадувањето на воздухот.

Еден граѓанин предложи да се забранат бадниковите огнови.

За една вечер се горат толку дрва и енормно се загадува воздухот и веќе еднаш да почне гасификацијата сите користиме дрва за огрев оти тоа ни е најевтино, беше аргументот на граѓанинот.

Граѓаните бараат и да се забранат градежни активности од ноември до февруари, индустриските погони да се дислоцираат надвор од градот и јагленот како средство за огрев да се забрани од наредната година.

Коментирај