Градските инспектори на тротинети ќе бркаат прекршители

0
385

Град Скопје ќе набавува 10 велосипеди и исто толку електрични тротинети за превоз на градската администрација при извршување на редовните работни обврски на пократки релации.

За оваа намена градот одвојува до 450.000 денари и на денешната седница на Советот ќе се побара одобрување од советниците.

– Со оваа набавка ќе се намали трошокот за набавка и потребата од користење на лесни моторни возила, ќе се заштеди на потрошувачката на гориво и ќе се афирмира заложбата на Град Скопје за почиста и поздрава животна средина. Покрај тоа, предноста во користењето на електричните велосипеди и електрични скутери се состои и во тоа што со нив се врши побрз превоз во периоди на денот кога сообраќајот во градот е погуст, а исто така паркирањето во центарот на градот е полесно – стои во Предлогот до Советот на Град Скопје.

Извор:skopjeinfo.mk

Коментирај