Градска болница се реконструира, се примаат само итни случаи

0
1357

ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, поранешна Градска болница, информира дека во нејзиниот објект се врши целосна внатрешна реконструкција и оти се примаат само ургентните случаи.

– Затоа се примаат само ургентните пациенти, а останатите се преупатуваат во Хируршките клиники и Градска општа болница „8 Септември“ Скопје, соопшти Клиниката, реагирајќи на некои медиуми кои вчера објавија дека лифтот во болницата не работи.

Клиниката наведува дека реконструкцијата е почната во септември 2016 година.

Коментирај