Градоначалникот обезбедил 312 илјади евра за сомнителната фирма на брат му

0
320

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев-Коката од редовите на СДСМ, кој високо котира во круговите блиски до Зоран Заев, успеал да му обезбеди 312 илјади евра донации за иновации на својот помлад брат Томе Илијев, газда на сомнителна фирма за производство на гамби пиперки, дознава Јован Кукузел, додавајќи дека се тоа се случило во „пет до 12“ пред изборните циклуси.

Брат брата рани со тендери и субвенции, тешко на оној што нема брат чауш од СДСМ. Ете како владее непотизмот дури и во зафрленото-иселено-ограбено-уништено Кочани. Фирмичка пред пропаѓање со 20-тина вработени да добие таква астрономска сума наши пари за некакви иновации, сето тоа е премногу сомнително и наликува на владеењето на ДПМНЕ кога и монасите имаа свои фирмички-тендери итн.

Поради ваквите аномалии – непотизми – грабизми на локални моќници на СДСМ партијата изгуби во градовите од источниот регион. Понатамошни коментари за ваквите случаи на грабеж и незаконско земање на државни субвенции-донации е излишно.

Љубчо Георгиевски-Шизикот на времето така даваше-фрлаше државни пари на разно-разни балдази-баџанаци-сељачишта во карирани кошулки каде Бубчо ждерел баници и млеко..И сега по 15 години де-жа-ву ситуации-прилики каде квази социјалдемократи си делат парички на припадници од своите тесни фамилии.

Примерот на Макрадули и Кирацовски го следат и локалните моќници дури и во најзабаталените градчиња на Северџанската наша вукоебина, заробената-окупирана земја од страна на Хунтата.Народот во кочанско-виничко кој важи за нај-беден во цела Европа со дефинитивно најмала дневница во Европа, ќе врзува крај со крај со ебани 200 евра платички, а типови ко актуелниот кмет на Кочани ќе фаќаат врски по министерствата-владата за да браќата-сестрите-роднините земаат багатела неповратни 312.000 еврича.

Ако се успешни бизнисмени евала нека сами ги заработат тие пари, а не наш грб, од наши пари да се богатат. Наместо поттик за странски инвеститори кои нели ги бара брат Љубе и само што не дошле, тие партијците од Хунтата овозможуваат богатење на своите роднини. Ова го нема ни во Зимбабве дефинитивно.

Извор:Република

Коментирај