ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НОВО СЕЛО ЗАДРЖАН ВО СТАНИЦА: По престрелката во с.Бадолен, Ново Село, градоначалникот задржан во полициска станица

0
1229

 

Како што дознаваме, на лице место на настанот бил присутен и началникот на СВР Струмица Танчо Пројковски, како и командирите на останатите полициски станици на подрачјето на СВР Струмица.По вечерашната престрелка во општина Ново Село, во струмичко Бадолен на приватниот ранч на градоначалникот на општината Боро Стојчев, тој и неговата сопруга, а најверојатно и неговите синови се задржани во полициска станица во Струмица.

Извори во полицијата за Инфомакс брифираат дека наредбата за приведување на Новоселскиот градоначалник дошла токму од Пројковски, кој пак е подреден на директорот на БЈБ Лазе Велковски за кој се смета дека е кадар на Радмила Шеќеринска и неретко ги прескокнува насоките на Спасовски и се води по желбите на Шеќеринска.

Ова особено е потврдено поради фактот дека Стојчев, бил и близок пријател со семејството Заеви.

Вечерва, во с.Бадолен во општина Ново Село, струмичко, се случи вооружена престрелка која ги вознемири мештаните но и пограничната полиција на Бугарска страна, имајќи во предвид дека ранчот на градоначалникот се наоѓа на нецели 200 метри од граничната линија. Неофицијално Боро Стојчев е уапсен поради шверц со цигари.

Оперативната обработка за Стојчев се водела уште од претходната власт.

Неофицијално, вечерва бил уапсен на Камен 29, фатен со два џипа полни со цигари.

Извор: Инфомакс

Коментирај