Грабеж во Стопанска банка во Аеродром, крадецот се заканувал со пиштол

0
195

Непознат сторител со закана со пиштол изутринава во скопски Аеродром ограбил експозитура на Стопанска банка и одзел околу 320.000 денари.

Полицијата сооопшти дека во СВР-Скопје во 08:45 часот било пријавено дека на булевар „Јане Сандански“ во експозитура на Стопанска Банка непознат сторител со закана со пиштол од вработените одзел пари од околу 320.000 денари, по што го напуштил местото на настанот.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот

Коментирај