Грабер: Политиката и историјата се две различни толкувања на одредени состојби

0
369

Координаторот на македонскиот комитетот, Виктор Габер, кој заедно со грчкиот, согласно Преспанскиот договор, треба да направи ревизија на учебниците за РСЕ вели дека антиката нема да се вади од учебниците, но оти проблемот е во формулациите.

Според Габер, политиката и историјата се две различни толкувања на одредени состојби.

-Едно е историографија каде имате елементи кои се факти, а друго е историска анализа која не ги зема само фактите, туку врз основа на фактите прави длабинско скицирање на настан, однесување, личност, итн социолошки, антрополошки, културолошки, економски, социјални… Ние се трудиме сите овие елементи да влезат во експликацијата, зошто нешто треба да остане во книгата или не треба да остане, за да може новите генерации да се развиваат во еден современ, поинаков дух. Ќе си стои фактот, фактот е едно, но интерпретацијата да не биде таква што ќе создаде непријатни чувства, анимозитет кон другиот народ или другите ученици-изјави Габер.

Извештај за сработеното комитетот ќе го поднесува до Советот за соработка, кое ќе биде формирано како повисока политичка инстанца согласно Сопгодбата од Преспа и ќе го водат македонскиот и грчкиот премиер.

Извор:lider.mk

Коментирај