Гоца Тржан: На жените со силикони им завидувам… еднаш годишно!

0
1609

Поп-пејачката Гоца Тржан напиша интересен твит на својот профил, со кој призна дека им завидува на жените што имаат силиконски гради, а еве зошто:

На жените со силикони им завидувам еднаш годишно: кога треба да купам костим за капење.

Инаку, Гоца неколку пати досега истакна дека нема нешто вештачко на себе.

Досега имам ставено само ботокс меѓу веѓите, затоа што грдо се муртам додека пеам и тоа ужасно ме нервира. Правам и радиобранови за подигање на тонусот на лицето. Од парите што ги имам дадено за нега на кожата ќе можев да купам стан, откри пејачката за „Блиц“.

Taa додаде:

Не сум во филм дека сум совршена, но не сум ни лоша. Имам родено. Имам огромен стомак бидејќи бев крупна трудница. Тоа го прифаќам како реалност и воопшто не се трудам да изгледам подобро или поубаво од тоа што сум.

Извор:република.мк

Коментирај