ГОТОВО Е! Милан го договори најдобриот светски фудбалер за минатата сезона!

0
369

Лука Модриќ ова лето може да го напушти Реал Мадрид, а италијанските медиуми тврдат дека е блиску до трансфер во Милан.

Имено, дирекорот на Милан, Звонимир Бобан синоќа во хотелот „Four Seasons“ одржал средба со Владо Лемиќ, менаџерот на Лука Модриќ.

На средбата биле договорени сите детали, Модриќ прифатил две годишен договор за 7,5 милиони евра по сезона, со опција за уште една година.

Реал е во потрага по двајца фудбалери за врска, веќе го договори Ван де Бек, кој треба да биде замена за Хрватот, па е спремен да му дозволи на Модриќ да замине.

33-годишниот плејмејкер има уште една година од договорот, па Милан би требало да плати обештетување не поголемо од 20 милиони евра.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

извор:sportski.mk

Коментирај