ГОТОВО Е! – Алексис Санчез му кажа збогум на Јунајтед и денеска има нов клуб!

0
287

Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез го напушти Манчестер Јунајтед и кариерата ќе ја продолжи во Интер.

Алексис во Јунајтед стигна на почетокот во 2018. година од Арсенал како големо засилување, но тотално потфрли.

Црвените ѓаволи му порачаа дека слободно може да бара нов клуб, а Чилеанецот на крајот одлучи да се врати во Италија.

Имено, Интер и Јунајтед официјално потврдија дека Алексис пристигнува во италијанскиот клуб на позајмица до крајот на сезоната.

alexis

Интер ќе плати околу 6 милиони евра за позајмицата и ќе има шанса следното лето да го откупи договорот.

Алексис има искуство од играње на Апенините со оглед на тоа дека три години го носеше дресот на Удинезе.

Тој за овој тим играше од летото 2011 до летото 2014 година кога се пресели во Барселона.

 

 

 

 

извор:sportski.mk

Коментирај