Господин од светски ков: Перо Антиќ воодушеви со неговиот џентлменски гест

0
277

Славниот македонски кошаркарски ас и играч со светско реноме, Перо Антиќ, уште еднаш покажа дека зад неговата корпулентна и доминантна спортска појава се крие џентлмен и господин со универзални галантни манири.

Изминатиов викенд, Антиќ во друштво на еден од неговите синови и уште неколкумина пријатели, за време на заедничка вечера во еден угостителски објект во Гевгелија, покажа и докажа дека е господин од светски ков со гестот кој ги воодушеви гостите во ресторанот.

Додека екипата вечерала во ресторанот, во објектот влегла млада девојка која продавала ружи.

Девојката одела од маса до маса и го нудела цвеќето, а кога се приближила до масата на кошаркарот, тој без многу двоумење извадил пари и ги купи сите ружи. Девојката останала без зборови и успеала само да се заблагодари, оставајќи му го раскошниот букет ружи на Антиќ. Задоволна што за помалку од една минута заврши со работа, со празна кошница за цвеќе, таа си замина со насмевка, а на вратата само кажа – Камо сите да се вакви џентлмени!

Извор:курир.мк

Коментирај