Ѓорѓиевски и Трипуновски ги посетија најпогодените места од невремето: Власта е глува за проблемите со кои се соочуваат граѓаните

0
52

Членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски и Цветан Трипуновски денеска го посетија ресенскиот регион каде остварија средба со граѓаните.

Трипуновски и Ѓорѓиевски ги посетија населените места Трбово, Калоец, Љубојно, Долно Дупени, Крани и Стење, места кои се најпогодени од невремето кое го зафати овој регион.

Невремето причини огромна материјна штета на домовите, уништена е и електричната мрежа. Насадите со јаболко се 100 процентно уништени.

Власта е глува за проблемите со кои се соочуваат граѓаните, нема решение за нивните проблеми, никој не зборува за нивно обештетување. Земјоделците досега имаа огромен проблем со откупот на јаболката, а сега нивниот род е целосно уништен, она за кое макотрпно работеле преку цела година сега е целосно уништено.

И новиот министер за земјоделие од редовите на СДСМ, Трајан Димковски како и неговиот претходник Љупчо Николовски е глув за проблемите на земјоделците. Скапите коктели и облека се негова главна преокупација додека земјоделците се оставени на милост и немилост.

-Граѓаните имаат горко чувство дека живеат во загубена држава, држава во која царува криминалот и корупцијата, а сите оние кои чесно работат се осудени да преживуваат како знаат и умеат. Ова мора час поскоро да заврши, аболицираниот Зоран Заев и неговата криминална банда мора што побрзо да си заминат, посочија тие од терен.

Коментирај