Ѓорѓиевски: Судот не одолеа на притисоците, стана дел од играта која ја диктираат СДС, СЈО, Заев и Јанева

0
541

Судот не успеа да одолее на притисоците кои беа упатени кон нив од функционерите и медиумите блиски до Сорос/СДС, но и од други центри однадвор, истакна на денешната прес-конференција одржана пред Апелациониот суд Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Судот за жал како резултат на тој притисок не ги зеде предвид правните аргументи, туку стана дел од играта која СДС, СЈО, Зоран Заев и Катица Јанева му ја диктираат. Одлуките на судот се политика која му помага на Заев да врши политички прогон на функционери од ВМРО-ДПМНЕ и истовремено да ја дефокусира јавноста од погрешните и антидржавните политики кои ги води, а кои се на директна штета на македонските национални и државни интереси, вели Ѓорѓиевски.

Тој истакнува дека одлуките се класичен конформизам и резултат на притисок говорат фактите и правните аргументи кои судот не сакаше или пак не смееше да ги види. Ако некој од обвинетите имаше намера да побегне од државата тоа досега ќе го направеше. Сведоци сме дека сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои биле повикани во СЈО редовно се одзивале на поканите.

-Од друга страна судот молчи зошто лица за кои постојат докази дека се вклучени во криминал, кои избегнуваат рочишта и кои влијаат врз сведоци се на слобода. Зошто судот никогаш не отпочнал постапка за обезбедување на лицето Зоран Заев кој јавно кажуваше дека не го признава судот, кој најави дека нема да се појавува на рочишта, кој ги лажеше судовите со измислени средби со чувари и возачи од амбасади, кој отворено им се заканува и врши притисок врз судии со најави за генерален реизбор во судството и слично. Ова се двојни аршини и не се добри, додава тој.

Ѓорѓиевски посочува дека разликата во одлуките на судот е очигледна.

-Зоран Заев за случај за барање поткуп со легално прибавени докази е се уште на слобода и не се појавува на рочиштата, а истовремено се одземаат пасоши на членови на ВМРО-ДПМНЕ. Сите процеси кои ги води СЈО се политички памфлет и политички прогон, и тие ќе бидат ревидирани и правно и историски, вели Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Коментирај