Ѓорѓиевски: На СДСМ им е единствено важно да ги платат фактурите на оние што ги донесоа на власт со насилие

0
408

СДСМ уште еднаш покажа дека е анти-државна партија, а разни душегрижници веднаш најдоа за сходно да ги оправдаат и да ја „насочат водата” кон ВМРО-ДПМНЕ, напиша на својот Фејсбук профил членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

-Денеска оваа власт која што дојде со насилие им го одзема демократското право на пратениците од ВМРО да дебатираат по амандманите, а себе си’ си став и јаже околу вратот што ќе им го „затегнат“ граѓаните на наредните избори. На ДУИ воопшто не им е важно за реформите, нив им е важно да се донесе закон кој не е уставен и по волја на граѓаните. Нив им е важно да зборат за демократија, а да спроведуваат национализам и фашизам врз македонскиот народ и држава. Додека пак на СДСМ им е единствено важно да ги платат фактурите на оние што ги донесоа на власт со насилие. ВМРО-ДПМНЕ ќе го ревидира сето ова, Ве уверувам! Сите еден ден, еден до еден, ќе понесат одговорност за силувањето на Уставот, државата и граѓаните. Никогаш повеќе да не ни се повтори!, напиша Ѓорѓиевски.

Коментирај