Ѓорѓиевски: Манипулациите на СДСМ ќе бидат казнети од граѓаните

0
461

Носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вчера при претставувањето на кандидатите за градоначалник и советници во таа општина, истакна дека почнуваат со голем број активности со реална понуда и решенија за проблемите на граѓаните со посета на секој дом.

Сите сили ќе ги насочиме кон декласирање на оние кои во изминатите 100 дена ја разнебитуваат државата, рече Ѓорѓиевски и посочи дека понудата на овие избори е едноставна, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ има проекти, отчетност пред граѓаните, додека СДСМ нуди двојазичност.

Ние нудиме решенија за горчливите проблеми – тие го загорчуваат достоинството на секој Македонец. Ние нудиме искрен пристап согласно можностите – тие нудат манипулации кои нема долго да им траат и ќе бидат казнети од граѓаните. Ние сме поразлични од нив, ВМРО-ДПМНЕ има кредибилитет. Коалицијата која е со нас има кредибилитет, нагласи Ѓорѓиевски.

Вели дека неговата партија се држи до дадениот збор и сето она што е ветено, го оствариле.

Досега како партија успеавме значително да ги унапредиме условите во сите општествени сфери, а во таа насока ќе го унапредуваме секојдневието во цела општина Кисела Вода во наредните четири години. Знаете, овие избори не се обични. Не се само за градоначалници и локални советници. Овие избори се многу повеќе. Мнозинството граѓани се разочарани од штетните политики на оние кои ја узурпираа централната власт без поддршка на граѓаните. Ние сме тие кои треба да ги стопираме. Мнозинството го очекува тоа од нас. Со победа сега ќе се отвори патот за предвремени парламентарни избори, и нив ќе ги добиеме.

Потенцира дека тој заедно со кандидатот за градоначалник, Јохан Тарчуловски заедно со граѓаните ќе се ангажираат максимално се до последниот ден од изборната кампања, додавајќи дека по 15 октомври почнуваат со работа и оти ќе ја оправдаат довербата на сите граѓани.

Коментирај