Гордана Силјановска: Парадоксот на „промената“ на името!

0
1448

Родена во Република Македонија, ми пишува во Изводот од матичната книга на родените. Склучила брак во Република Македонија, ми пишува во Изводот од матичната книга на венчаните.

Родени во Република Македонија, им пишува во изводите од Матичната книга на родените на моите две деца и на мојот сопруг.

Границите на државата Македонија, како членка на ДФЈ, НРЈ и СФРЈ и како самостојна и независна Република Македонија, за среќа, од моето раѓање до денес, НЕ СЕ СМЕНЕТИ!

Се прашувам: како може некој, па макар и држава да е, да ми ги ФАЛСИФИКУВА личните документи, но и МОЈОТ ЖИВОТ, ИЗМИСЛУВАЈЌИ И ЛАЖЕЈЌИ дека сум се родила, сум раѓала и сум се омажила во „Северна Македонија“ иако таква држава не постоела во тие ВАЖНИ моменти.

Зарем може НИВНОТО НОВО ИМЕ да има РЕТРОАКТИВНО дејство врз најважните настани од МОЈОТ ЖИВОТ?

Фејсбук објава на Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова

Коментирај