Ѓорчев за Алфа: Владата на СДСМ оди кај соседите и се извинува поради тоа што ние сме Македонци

0
1924

Се е закочено ние не разговараме за зголемување на пензии, ние на разговараме за зголемување на плати, отворање на нови фабрики, што му е потребно на било кое населено место, секој регион и град? Потребно е нова фабрика, нови работно место, ние отворавме нови фабрики но има потреба за уште. Очигледно е дека во оваа влада со 26 министри и со Заев како премиер немаме луѓе кои ќе носат сериозни одлуки и луѓе кои ќе работа по 15, 16 или пак 17 часа дневно, луѓе кои што ќе носат фабрики и нови работни места, вели Влатко Ѓорчев во вестите на телевизија Алфа.

-Имаме влада на менаџирање на политички процеси кои што не се добри за државата и не се прифатени од граѓаните, но влада која што едноставно треба да го менаџира тоа незадоволството затоа што се свесни дека убедливото мнозинство на Македонија во делот на идентитетските прашања едноставно не е со нив. На надворешен план мислам дека се поставија на начин каде што на се и за се ја обвинуваат Македонија. Имаме Македонска влада која оди кај соседите и се извинува поради тоа што ние сме Македонци, или затоа што некој претходно бил Македонец или има намера да биде Македонец. Имаме влада која каде и да отиде ја го обвинува ВМРО-ДПМНЕ, а замижува на децении негирање на македонската самобитност, потенцираше Ѓорчев.

Коментирај