Ѓорчев во САД: Средби со Републиканците, ИРИ и претседателот на глобалната организација на десниот центар ИДУ

0
387

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев учествува на конференцијата на глобалната организација на десниот центар ИДУ која што се одржува во САД, каде што се домаќини Републиканската партија и Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ).

За време на конференцијата, Ѓорчев се сретна со Стивен Харпер, претседател на Меѓународната демократска унија (ИДУ) и поранешен премиер на Канада, чија што влада во 2007 година ја призна Република Македонија под Уставното име.

Ѓорчев се сретна со Пол Неринг, директор на меѓународните програми на Лидершип институтот, близок до Републиканците и ИРИ. Неринг во 2016 година беше портпарол на претседателската кампања на сенаторот Тед Круз, а пред тоа беше шеф на Републиканската партија во сојузната држава Калифорнија.

Воедно, Ѓорчев се сретна со Кристофер Фуснер, шеф на Републиканците во странство и главен претставник на Републиканската партија во ИДУ, каде што ВМРО-ДПМНЕ е полноправна членка.

На средбите Ѓорчев ги запозна соговорниците со актуелните случувања во Република Македонија, особено во делот на економските проблеми, политичкиот прогон и нарушената слобода на медиумите.

ИДУ е најголемата светска организација на десниот центар, во која членуваат околу 100 политички партии со конзервативна и народна ориентација.

ИДУ беше формирана во 1983 година од Роналд Реган, Маргарет Тачер, Хелмут Кол и другите лидери на десниот центар од тоа време.

Коментирај