Ѓорчев: Власта секој ден разочарува, граѓаните се каат што гласале за СДСМ

0
380

Ние за прв пат во Македонија, а и сме единствената држава во Европа која има пратеници кои се во затвор вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев и додава дека во моментов Македонија е најтерористичката држава во Европа.

– Ние сме моментално најтерористичката држава, најозогласената држава. Имаме најмногу терористи според квадратен киломентар во Европа. Ваква острина, ваков режим, да бидеме реални со апсење на луѓе со автомати и шлемови каде се упадна со специјалци во нивните домови со вриштење и со апсење пред нивните деца. Да ние имаме режим. Замислете не дај боже, хипотетички пред година дена да имавме 6 пратеници од СДСМ во затвор, вели Ѓорчев.

Во однос на притворањето на луѓето од 27-ми Април Ѓорчев прашува дали е нормално да има ситуација каде беа повредени десетици луѓе токму од оние кои протестираа од шарена револуција а на нив да не им се случува апсолутно ништо.

– Оние кои го претепаа градоначалникот на Шуто Оризари со метална шипка ништо не им се случи, а имаме случај човек од 70 години да се осудува на 4 години затвор. Колку кривични пријави треба да им се поднесе на оние кои повредија деситици полицајци за време на шарената револуција. Режимот на СДСМ ќе се обидува да ги објаснува овие работи. Ова што моментално се случува во Македонија ќе се снимаат документарци, со нови епизоди од серијалот „Судени за Македонија“. ВМРО-ДПМНЕ е партијата на Драган Богадановски кај што поминал 11 години во темници и затвори. ВМРО е организација која што го поминала Голи Оток и сите зандани, а ќе го помине и ова, рече Ѓорчев.

Тој исто така посочи дека од ова што го прави СДСМ, Киро Глиговор и Бранко Црвенковски не би го направиле во делот на националните интереси како и и сите други дејци на СДСМ кога го гледаат ова се срамат и притоа ги спомена и отпуштањето на луѓе насекаде низ Македонија

– Само од Нова Година до сега повеќе од 1.000 луѓе се отпуштени насекаде низ Македонија. Не можеме да доброиме колку се отпуштени. Да тие ќе речат им завршиле договорите ама на нивно место ќе се вработат луѓе од СДСМ. Неодбранливо е да ја браните кадровата полика на СДСМ. Општински организации на СДСМ се згрозени од политиката на СДСМ, вели Ѓорчев.

Во врска со оптимизмот и можното решавање на парашањето во врска со името Ѓорчев вели дека оваа влада на СДСМ е подотвена се да прифати

– Знаете зошто има поместување зошто овие имаат влада која нема легитимет, се прикрпиле и се во состојба се да прифатат. Она што се бранело и градело како вековна позиција го пуштате низ вода заѐ неколку месеци. Секој што не гледа и дете од 10 години му е јасно што се случува, рече Ѓорчев.

За крај тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ сака да има дијалог но дека тоа треба да биде двонасочна улица и додаде дека СДСМ треба да се извини до македонските граѓани и до луѓето кои ги гласале поради ветувањата и погрешните политики кои ги водат.

loading...

Коментирај