Ѓорчев: Потребата на власта е Вељаноски да биде уценет за по нивна потреба да гласа во Собранието за да не лежи 20 години затвор

0
529

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев на комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања каде на дневен ред е одземање на пратеникот Трајко Велјаноски посочи дека идејата на власта е перманентна уцена да се чува што е можно подолго во притвор.

– Ја гледам намерата на парламентарното мнозинство дека ќе го направи тоа што сака по секоја цена. Тоа е праксата во овој законодавен дом да се земаат пратеници за заложници, се држат со месеци во притвор и по потреба да се уценуваат по примерот или гласај како ќе ти кажеме или ќе одиш 20 години затвор. Сега потребата е Трајко Велјаноски да биде уценет, истакна Ѓорчев.

Коментирај