Ѓорчев на самит на ИРИ во Виена: Оствари средби со високи претставници од Австрија и САД

0
1529

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев учествува на политичкиот самит на Меѓународниот републикански институт(ИРИ) кој се одржува во Виена.

Политичкиот самит на ИРИ за Европа се одржува во соработка со политичката академија на Австриската народна партија. На самитот учествуваат поголем број на учесници од САД, Франција, Полска, Словенија, Албанија, Србија, Чешка, Литванија, Естонија, Белгија и други земји.

Gjorcev-IRI-Macedonia

Во рамките на самитот, Ѓорчев оствари средба со Јан Суротчак, директорот на ИРИ за Европа. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со соработката со ИРИ, а ВМРО-ДПМНЕ е долгогодишен партнер на ИРИ, кој е близок во Републиканците во САД.

Исто така, Ѓорчев се сретна со Дитмар Халпер, директор на политичката академија на Австриската народна партија, со која што ВМРО-ДПМНе е заедно во Европската народна партија(ЕПП).

Коментирај