Ѓорчев до СДСМ: Ветивте 600 километри нов автопат, а една бандера не можете да тргнете

0
458

Пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ денеска за време на расправата за гласање на недоверба на владата на СДСМ, од собраниска говорница истакна дека оваа влада и покрај изборните ветувања дека ќе изградат 600 километри автопат, денес кога се на власт немаат изградено ниту еден километар асфалт, а автопатот Демир Капија – Смоквица е проект од владата на ВМРО-ДПМНЕ и готов е од пред една година, но поради неспособноста и неработењето на владата на СДСМ не е пуштен во употреба.

– Вие немате ниту еден километар асфалт фрлено на тој пат, бидејќи е веќе направен, еден метар банкина не е ставено бидејќи претходно беше ставена, еден знак не е ставен од вас затоа што сите знаци се ставени претходно. Една година не можете една бандера да тргнете 30 метра и сега ќе го пуштите патот кој што е веќе направен, а абер немате за нови патишта, речи Ѓорчев.

Тој во текот на дискусијата кажа дека оваа влада мора да замине бидејќи Македонија има најлоша економска состојба од цела Европа. Единствена фактура која оваа влада треба да ја исплати, како што потенцираше Ѓорчев, е промената на името.

Коментирај