Славчо Мисајлески: Ѓорче се гуши! Загаденоста ги преминува сите граници

0
383

Ѓорче се гуши! Загаденоста ги преминува сите граници. Станавме општина со рекордни вредности на загаден воздух, најмногу од сите општини во градот а во одреден ден бевме и 9-ти во свет. И на сето тоа и на сите реакции од граѓаните и на сите прилози дадени од одредени медиуми советниците од СДС на денешната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров не го прифатија предлогот од нашата советничка група да се дополни дневниот ред со точка за разгледување на актуелната состојба со загадениот воздух во општината. Какво лицемерие од нивна страна. Зарем заборавија какви им беа ветувањата пред избори, зарем го заборавија нивниот перформанс со маските по улиците низ градот, зарем го заборавија нивното “ајро ајро”?!!! Дали воопшто ги допира моментот што го измамија народот?! Ниедна мерка не превземаа! Состојбата од ден на ден се повеќе и повеќе се влошува! Диви депонии изникнуваат на секоја страна низ општината. А на сето тоа градоначалникот “мува не го лази”. На денешната седница не ни присуствуваше. Ете толку е неговата грижа за граѓаните и општината. Битно “корзото” да му се гради и да се носат дупови каде што ќе се уцртуваат стотици и стотици нови згради. Паднаа “маските” другари! Народот го виде вашето вистинско лице. И од него ќе го добиете конечниот удар за сите лаги и измами што му ги нанесовте! Промената доаѓа за брзо време. Што поскоро се заврши со вашата лажна приказна дотолку подобро за жителите на општина Ѓорче Петров.

Славчо Мисајлески напиша  на својот Фејсбук профил.

Коментирај