Горбачов: Светот како да се подготвува за војна

0
762

Последниот лидер на СССР, Михаил Горбачов оцени денеска дека најголем од  „големиот број проблеми кои светот ги има“ е милитаризацијата на политиката и новата трка во вооружувањето.

Горбачов во коментарот за списанието „Тајм“ наведе дека политичарите и воените лидери звучат се повоинствено, а одбранбените доктрини се се поопасни.

– Аналитичарите и ТВ личностите се придужуваат на тој воинствен хор. Се изгледа како светот да се подготвува за војна, наведе Горбачов.

Човекот, кој го водеше Советскиот Сојуз од 1985 година до неговото распаѓање во 1991 година, рече дека проблемот кој го изнел бара најитно решавање и предупредува дека моментот за дејствување веќе пристигнал, затоа што НАТО и Русија се повеќе се доближуваат до вооружувањето на другата страна.

– Наместо тероризмот да биде прв приоритет, фокусот би требало да биде на спречување на војната, на прекинување на натпреварот со вооружувањето и намалување на арсеналот, пишува Горбачов.

Тој го повика Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата, во која ќе пишува дека „нуклеарната вона е неприфатлива и дека не смее никогаш да започне“.

– Луѓето кои би требало да ја протуркаат оваа резолуција се Доналд Трамп и Владимир Путин, чии земји заедно контролираат повеќе од 90 отсто од светското нуклеарно вооружување, пишува Горбачов.

Во рацете на Трамп од пред неколку денови се кодовите за нуклеарно вооружување, што новиот американски претседател го опиша како „нешто многу застрашувачко“.

Коментирај