Горазд Росоклија: НАШИТЕ ПРЕТЦИ, НИЕ И НАШИТЕ ДЕЦА

0
824

НАШИТЕ ПРЕТЦИ, НИЕ И НАШИТЕ ДЕЦА

Дали е прогрес уништувањето на македонската држава и на македонската нација во чии темели се вградени нашите животи, животите на нашите татковци и на сите наши претци?

Или вашите татковци, вие шљамот и срамот во македонското собрание, не вградиле ништо, само ги присвоиле плодовите на револуцијата, ликвидирајќи ги оние кои се вградиле во македонската држава?

Сепак, мора да е ова второво, ќе се согласите.

Вие не сте воспитувани врз тие вредности, туку врз лична профитабилна безвредност.

Оваа власт е составена од толку безначајни и тупави ликови, што прави невозможно да ги критикуваш, а вие сте во власта, тупави, нечесни, преживари на животот.

Никола Груевски не е во Македонија и нема да се врати, која партија и да е на власт, заборавете го, но затоа Македонија секојдневно го има Зоран Заев. Звучи неверојатно, но вистина е.

ВМРО-ДПМНЕ е без идеологија, со конфузно и парализирано членство чие мнозинство сеуште се надева на ситен профит (вработување и слично) кога партијата ќе дојде на власт.

СДСМ одамна не постои и не функционира како партија.

Откако ЗЗ објасни дека е инсталиран на власт после загубени избори за да изврши национално предавство, тие што сеуште му даваат поддршка мора да веруваат дека предавството е патот кон Европа?

Или такви „верници“ никогаш немало, а се работи за колаборационисти во предавството на нацијата, за личен профит!

Пишува: Академик Горазд Росоклија на Фејсбук

Коментирај