Горазд Росоклија: „ДРЖАВОТВОРНИТЕ“ ДЕЦА И ВНУЦИ

0
452

Ги читам „мислењата“ за оправданоста на елиминирање на македонскиот национален идентитет, искажани од децата и внуците на „државотворните” дедовци и татковци, кои во име на нивната „државотворност“, 60 години владееја со Македонија.

Ги знаете!

Тоа се оние што живееја прво во куќите што им ги одземаа на вредните и образуваните Македонци кои создавале, а подоцна, со пари ограбени од народот го направија „Водно“ и си доделуваа вили и државни станови низ градовите.

Сите стипендии за надвор од земјата беа нивни. Сите академски позиции на сите факултети беа за нив. Сите ректорски и декански позиции беа нивни.

Сите тие привилегии, како право на „државотворните“, кои ги „создадоа државата и нацијата“, т.е. „не создадоа” нас Македонците и „жестоко не бранеа“ од Бугарија, од бугарофилите, од бугарашите и од бугарштината.

Татко ми, галички селанец, често ќе кажеше, „секој што два пати ја поплукал Бугарија, станува академик, или во најмала рака универзитетски професор“.

Истите тие денес, со отворена (за се и за сите) прегратка, се обидуваат да бидат (ново)државотворни, на измислена држава и на измислена „северномакедонска“ нација.

Се рабзира привремено, бидејќи во следната фаза, од државотворци ќе се трансформираат во обединители, на кои некој можеби ќе им направи споменик во Ќустендил.

На нас Македоинците е да им дозволиме или да не им дозволиме, со „интимни и приватни” меѓудржавни договори, нас и македонската држава, да не продадат на Бугарија и на Грција.

Нешто како продажба на закрепостениот Македонец, заедно со македонската земја.

Пишува: Горазд Росоклија

Коментирај