Гонзалес: Горд сум на момците, продолжуваме да се бориме!

0
215

Селекторот на македонската ракоментна репрезентација, Раул Гонзалес, е задоволен од ремито против Германија.

Вели дека играчите дадоа се од себе на овој натпревар до конечен резултат од 25:25 против европскиот првак.

-Направивме многу грешки, но така е кога се игра под притисок. Ние бевме под притисок да бидеме први во групата. Утре одмараме и ќе биде подобро. Јас сум многу задоволен што во втората фаза одиме со 3 бода, рече тој по натпреварот.

Гонзалес вели дека е горд на тоа што момците го направиле на терен и порача дека иако играчите се уморни, сите заедно ќе продолжат да се борат понатаму.

Коментирај