Голем хендикеп за Милан за дерби дуелите со Јувентус и Лацио

0
625

Милан одново ги шокираше своите фанови откако на Сан Сиро одигра 1-1 против Удинезе во италијанската Серија А.

Но тоа не беше само еден хендикеп на мечот туку Милан на овој натпревари ги загуби стандардните првотимци голманот Џиџо Донарума и бразилецот Лукас Пакета поради повреди.

По направените детални лекарски прегледи и познато е колку време ќе бидат надвор од терените.

Донарума има истегнување на бутниот мускул, па ќе треба да паузира околу две недели. Тој сигурно ќе го пропушти дербито со Јувентус во сабота, а е под знак прашалник и за мечот со Лацио.

Поведата на Пакета е посериозна. Бразилецот има повреда на глуждот и ќе треба подолго време да биде надвор од теренит. Од Милан стравуваат дека има и оштетување на лигаментите, а тоа ќе значи и крај на сезоната за плејмејкерот.

Со ова Милан додатно си ја искомплицираа позицијата за пласман во Топ 4 и пласманот во ЛШ следната сезона.

Коментирај