ГОЛ ДАДЕ, СЕ ДЕРАТ БЕ: Славеа и оние на кои им доцнеше сигналот (ВИДЕО)

0
791

Машкиот ракометен првак на Македонија, РК Вардар, ни приреди ноќ за паметење, испиша победничка страница во спортската историја во Македонија. Вторпат Македонија се искачи на авропскиот трон, петнаесет години по историската победа на ракометарките на Кометал Ѓорче Петров го добивме и машкиот европски ракометен првак.

За жал, овојпат немавме можност да го проследиме финалето на Плоштадот Македонија, како што го следевме пред 15 години, но затоа навивачите на Вардар и сите кои искрено му се радуваат на националниот успех го исполнија по завршувањето на натпреварот. Овојпат натпреварот се следеше во домовите, во кафулињата, а се крадеше и побрзиот сигнал на соседите.

Овие вардарови навивачи ја прославија победата благодарение на комшијата.

Коментирај