Го замолив да не ме турка, а полицаецот буквално ми ја затна „муцката” со раце

0
1350

По спроведена рација на плажата Оревче во Охрид, полицаец кој се чувствувал многу силен, се изживувал врз младите, сведочи девојка, на која „силниот“ полицаец, прво ѝ замавнал со рака, а потоа ѝ ја затнал муцката – зашто „премогу барала“, да биде внимателен и да се легитимира.

Државен службеник што го замолив да не ме турка буквално ми ја затна „муцката” со раце. Според него тоа беше соодветно за да не ме фрли по скалите како што заслужувам. Знаете што ќе смени ова, ништо. Ќе продолжиме да си живееме во земјава, кај што насилство иде по заслуга, особено кога не преќутуваш, пишува Сара Миленковска на Фејсбук, а потоа објаснува што се случило.

Полиција изврши претрес на журка, и со тоа и заврши(ма да и до тогаш траеше). По завршувањето си се упативме сите по тесните скалички нагоре (Плажа Оревче). И они како се движеа се дереа и туркаа, и јас го замолив да не не турка. Веднаш почна со навреди и закани на кое јас го замолив да се легитимира, тука застана пред мене и крена рака за да ме уплаши и после ме стисна за уста. Бидејќи имаше др луѓе и колеги, го држеа за да не продолжи со тоа што наумил.

Извор:република.мк

Коментирај