Го заборавивме ли Курбиново?

0
737

Свети Ѓорѓи е црква во атарот на селото Курбиново, Преспа, во непосредна близина на Преспанското Езеро. До него се стигнува преку магистралниот пат Битола – Ресен, некогашниот римски пат Виа Игнација, при што кај крстосницата „Макази“, се свртува кон патот кој води кон преспанските села под планината Баба. Кај селото Асамати, пак, патот се дели и еден крак води кон селото Курбиново. Црквата се наоѓа на околу три километри над селото, во пазувите на Баба. Околината низ која минува патот, кој е широк одвај 4 метра, не е толку живописна, колку величествениот поглед кон планината и особено панорамата на волшебното и речиси секогаш мирното Преспанско Езеро. Црквата „Св. Ѓорѓи” е еднокорабна градба со полукружна апсида. Градбата е долга 17 метри и широка 7 метри. Со ова таа е најголемата еднокорабна црква во Македонија. На западната страна нема нартекс (двор каде се собираат верниците). Има два влеза и изградена е главно од камен и помалку од тули.

800px-Kurbinovo_2

Курбиново_(4917424658)

800px-Kurbinovo_2

Sv._Georgij_-_Kurbinovo_2

Творештвото на тројцата непознати мајстори во Курбиново вечно ќе претставува мистичен спомен од македонската културнa историја.

kurbinovo

Денес Свети Ѓорѓи е споменик на културата заштитен со закон.

50_denari,_1996-_pozadina

Сегмент на фреската на светецот Архангел Гаврил „Ангелот од Курбиново“ од оваа црква се наоѓа на позадината на банкнотата од 50 македонски денари.

инфо – Wikipedia (клик)

Kurbinovo / Курбиново на FB (клик)

читајте – Глигор Чемерски – Жива Византија

гледајте – Закопаната мистрија од Курбиново

kurbinovo16kurbinovo1kurbinovo2kurbinovo3kurbinovo4kurbinovo5kurbinovo6kurbinovo7kurbinovo8kurbinovo9kurbinovo10kurbinovo12kurbinovo13kurbinovo14kurbinovo15

Коментирај