ГО УНИШТИ: Мејведер го натера Јапонецот да – плаче! (ВИДЕО)

0
335

Во вчерашниот настан на „Ризин“ се одржа егзибиционата борба помеѓу Флојд Мејведер и кик-боксерот Теншин Насукава.

Беше тоа борба по необични правила, а беше планирано борбата да содржи три рунди по три минути. Меѓутоа се беше брзо завршено веќе на 2:16 од првата рунда Мејведер ја заврши работата. Насукава тогаш трет пат беше соборен на подот, а во рингот долета пешкирот кој означи крај на борбата.
Јапонецот кој со своите 20 години, повеќе од двојно помалку од Мејведер (41), набрзо потоа започна да плаче и се изгледаше по малку комично.

Во секој случај ова беше 51-ва победа на Мејведер во кариерата, но таа нема да му биде запишана во официјалниот скор.

Извор: sportski.mk

Коментирај