Го убив своето бебе, зар не? Сара се разбудила и покрај себе ја нашла мртва ќерката, причината за смртта е неверојатна и трагична

0
343

Бебе старо само 15 месеци починало додека спиело со својата мајка, а причината за смртта е неверојатна и трагична.

Малата Амелија Купер била пронајдена мртва од својата мајка Сара Талбот, која ја пронашла мртва покрај себе кога се разбудила. Талбод во напад на паника повикала брза помош и почнала да вика:

-Го убив своето бебе, зар не?

Кога стигнала на лице место, брзата помош можела само да констатира смрт.

На нејзиниот стомак бил пронајден фластер за ублажување болки, кој го носела нејзината мајка, но во текот на спиењето се залепил за бебето.

Имено, фластерот содржел фентанил, кој е посилен и од морфиумот. Супстанцата влегла во телото на бебето, а тоа завршило со фатален исход.

Бебето пред тоа било потполно здраво. Докторката Деби Кук објаснила што се случило:

-Лекот може да предизвика пречки во дишењето, пад на крвниот притисок и напади. Во големи дози доаѓа до кома или смрт, изјави Кук.

Се уште не се знае како точно фластерот стигнал од мајката на бебето.

Коментирај