Го распнаа Јовановски за изразено мислење, а се слепи за ширење омраза од СДСМ

0
2368

Опозициската новинарка, Катерина Блажевска, како да го собрала во себе целото лицемерие на овој свет во себе, крајно манипулативно и со двојни аршини, типично за проопозициските новинари во своја колумна го става на отсрел актерот Владо Јовановски. Јовановски деновиве се најде под канонада од пискотници од опозициските мегафони, поради свој фејсбук статус, во кој предупреди дека политичката криза која ја предизвика Зоран Заев може да не одведе кон војна.

Јовановски е човек кој на професионален план остварил многу и како човек на свои години лесно може да процени кон што води овој хаос во кој Заев ја стави државата.

„Фауст од Муртино потпишал. Своерачно го потпишал договорот. Го потпишал со крвта на загинатите бранители, од сегашните и минатите војни. На тој слуга, гласот му го дадоа триста и педесет илјади заблудени граѓани. Има и такви кои велат дека ѓаволот ги измамил, дека биле несвесни. Како и да е, после е..ње нема каење. Само, штетата што ја направи таа црпка е голема. Ќе има војна! Нова војна ќе има! Црпко, никој не сака во твојата кожа да биде, напиша на фејсбук Јовановски.

„Засегнати“ и „загрижени“ од статусот на Јовановски се најдоа многу опозициски пера кои видоа повик за војна во неговиот статус и го повикуваат на извинувања, го линчуваат и се обидоа целосно да го дискредитираат бардот на македонската театарска и филмска сцена. Во исто време збор не изустија за целиот гнев, омраза, повици за војна, украински сценарија и за крв и безредие од Заев, Адеми, Тричковски, Калајџиев и редица сдсмовски фронтмени.

„Само сакам да ја потенцирам одговорноста кон зборот – искажан усно, ставен на хартија или на комуникациска платформа, сеедно, бидејќи во наелектризирано општество како нашево, само една искра (збор) е доволна сѐ да вивне во пламен, напиша Блажевска во својата колумна.

Ваква загриженост од Блажевска и останатите пера на опозицијата немаше кога Заев за Телма, изјави дека во Македонија можно е украинско сценарио.

Колумни со осуда не се пишуваа ни за Едмонд Адеми, кој како член на ЦО на СДСМ повика на леење крв по улиците.

Извор: Курир

Коментирај