Го претепаа па пукаа во него: Еве што открива очевидец за КУРИР за инцидентот во Чаирчанка

0
1092

Откако дел од медиумите објавија информации за инцидентот во Чаирчанка, очевидец на настанот ја контактираше редакцијата на КУРИР.

Едно лице е претепано до смрт, но очевидец тврди дека освен тепање имало и пукање.

-Откако го претепаа, едниот од нив извади и пиштол. Пукаше во човекот кој веќе лежеше претепан на земја. Не знам дали и каде го погоди, но пукаше кон него. Се слушна истрел, а еден од насилниците го држеше пиштолот во рака. Друг, во паника, го зема од раце пиштолот на тој кој пукаше во жртвата и почна да бега. Се упати во правец низ уличките кои водат кон Бит Пазар, вели очевидец во сведоштвото дадено за КУРИР.

Сведокот на ужасниот настан вели дека станува збор за вооружен напад, а насилниците изгледале многу бесни.

-Не е точно дека жртвата беше само тепана. Кон него беше и пукано со цел да биде убиен. Едниот од насилниците додека тепаше, остана шокиран од истрелот, не виде дека пријателот зад него пука. Се заврте во паника, кратко се бореа за пиштолот, го зема и избега, вели очевидецот за КУРИР.

Неофицијалните информации говорат дека жртвата не починала на лице место, туку на повредите им има подлегнало на пат кон болница.

Извор:курир.мк

Коментирај